Страв од оние кои живеат во сиромаштија и чии вредности или верувања може да се разликуваат.
Апорофобија (од шпанскиотaporofobia, и од старогрчкиотἄπορος(á-poros) = без ресурси, сиромашни и φόβος(Фобос) = страв) [1][2] — страв од сиромаштија и од сиромашните луѓе. Тоа е одвратност и непријателство кон сиромашните луѓе, без ресурси или кои се беспомошни.[3]
Концептот на апорофобијата е измислен во 1990-тите години[4][5] од филозофот Адела Кортина, професор по етика и политичка филозофија на Универзитетот во Валенсија,[6] да се разликува овој став од ксенофобија, што се однесува само на отфрлање на странци и расизам, што е дискриминација според етничките групи. Разликата помеѓу апорофобијата и ксенофобијата или расизмот е во тоа што социјално не постои дискриминација или маргинализација на имигранти или припадници на други етнички групи кога овие луѓе имаат средства, економски ресурси и/или социјална и медиумска релевантност.[7][8]