Арбер Адеми
![]() Арбер Адеми (25 септември 1985, Липково) - поранешен министер за Министерство за образование и наука на Македонија и пратеник во Собранието. Живот и образованиеАдеми е роден во 1985 во селото Опае, Липково, и е доктор по правни науки. Докторски студии завршил на Правниот факултет на Универзитет во Тирана – Албанија, со дисертацијата „Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Има положено правосуден и нотарски испит. КариераОд 2010 година е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, а од 2016 до 2017 бил заменик претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања. Во 2010 бил консултант на министерот за труд и социјална политика, а претходно работи како асистент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово и Факултетот за бизнис администрација, каде одреден период бил и продекан за наставни прашања. |
Portal di Ensiklopedia Dunia