Аржантеј
Аржантеј (француски: Argenteuil) — општина во северозападното предградие на Париз, Франција. Се наоѓа 12,3 киломентри од центарот на Париз. Аржантеј е потпрефектура на департманот Долината на Оаза, седиште на арондисманот Аржантеј. Аржантеј е втора најнаселена општина во предградијата на Париз (по Булоњ-Бијанкур) и најнаселена во департманот Долината на Оаза, иако не е нејзина префектура, туку таа функција ја делат општините Сержи и Понтоаз. Аржантеј граничи со општини во 3 други департмани освен Долината на Оаза: департманите Ивелин, Сенски Висови и Сена-Сен Дени. ИмеИмето Argenteuil за прв пат е запишано во кралската повелба од 697 година како Argentoialum, од латински / галски корен argento што значи „сребро“, „сребрен“, „сјаен“, можеби во однос на блескавата површина на реката Сена на чии брегови се наоѓа Argenteuil, и од галски јазик наставка -ialo [2] што значи „расчистување“ или „место на“. ИсторијаАржантеј бил основан како манастирска заедница во VII век (види Пјер Абелар и манастирот Аржантеј). Манастирот кој настанал од манастирската заедница бил уништен за време на Француската револуција. Селско бегство за парижаните, сега е предградие на Париз. Сликарите го прославиле Аржантеј, меѓу кои и Клод Моне, Ежен Делакроа, Огист Реноар, Гистав Кајбот, Алфред Сисли и Жорж Брак . ОбразованиеВо 2016 година, во училиштата во општината учеле12.000 ученици. Во општината има:[3]
Универзитетот Париз 13 служи како областен универзитет.[8] Во Аржантеј работи и Конзерваториум за музика, танц и театар.[9] Население
ИмиграцијаЗбратимени градови
Познати слики од Аржантеј![]()
Есен во Аржантеј, Регата во Аржантеј, Црвени чамци, Аржантеј, Мостот во Аржантеј, Пристаниште во Аржантеј, Сена во Аржантеј, Поглед на Аржантеј-Сноу, Бреговите на Сена во Аржантеј и Снег во Аржантеј. И „Воз во снег во Аржантеј“.
Аржантеј и Сена во близина на Аржантеј од Едуар Мане, Регата во Аржантеј од Пјер-Огист Реноар и Мостот во Аржантеј од Гистав Кајбот. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia