Аристарх
Аристарх — (I в.н.е.), Македонец од Солун, следбеник и близок соработник на апостол Павле. Прв епископ на Солунската христијанска општина.[1] Го придружувал апостол Павле при неговата посета на Ефес. Солунската црква на апостолот Павле му дала и тројца сотрудници: Секунд – придружник на последното патување (Дела 20:4; 27:2; Кол. 4:10; Филип. 1:24) и „Гај и Аристарх Македонци“ (Дела 19:29).[2] Бил затворен заедно со апостол Павле во Рим, каде што маченички настрадал во време на императорот Нерон. Во Источната православна црква и источно-католичка традиција, Аристарх е идентификуван како еден од Седумдесетте апостоли и епископ на Апамеја, убиен заедно со Пуд и Трофим.[3] Тој се одбележува како светец и маченик на 4 јануари 15 април и 27 септември. Тој се чествува во римската мартирологија на 4 август.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia