Аритметичка средина![]() Аритметичката средина претставува најчесто употребувана мерка на централна тенденција. Таа претставува еден од основните параметри на распоредот на честотите. Се пресметува на мошне едноставен начин. Поради тоа аритметичката средина има најширока примена во статистичката анализа.[1] Таа уште се нарекува и просек ПрименаПресметувањето на аритметичката средина често е врзано со правење на разни анкети кои имаат влијание на јавното мислење. Таа како метод често се користи во науки како економија, социологија, историја, како и во други академски области до одредено ниво. Во стопанството и воопшто во практиката, аритметичката средина се користи како синтетички показател на локацијата на масата или примерокот. Нејзината предност во споредба со другите средни вредности се состои во тоа што таа може да биде подложена на понатамошни алгебарски операции. Така на пример, може да се пресмета аритметичка средина од аритметичките средини. Пресметување на аритметичка срединаАритметичката средина се добива на тој начин што се собираат сите вредности на белегот и добиениот збир се дели со вкупниот број на вредности на белегот. Таа може да се пресмета за податоци кои се групирани или негрупирани. Разликата е во тоа што групираните имаат своја честота. Негрупирани податоци![]() За негрупирани податоци се пресметува проста аритметичка средина и начинот на ваквото пресметување е прилично едноставен. Ако X е набљудуваниот белег, x1, x2, ..... , xn-1, xn се неговите вредности, а n нивниот број, тогаш аритметичката средина ќе се пресмета кога збирот на вредностите на набљудуваните белези ќе се подели со бројот на податоците[2][3] Групирани податоци![]() При пресметување на аритметичката средина од податoци одредени во вид на честоти (групирани податоци) мора да се земе предвид застапеноста на поодделните вредности на белегот односно разликите во честотите. Во случај кога податоците се прикажани во интервали (пр. 21-30; средина 25,5), тогаш секој интервал мора да биде претставен со една вредност на белегот – средина на групниот интервал. Всушност, ваквата аритметичка средина ќе се пресмета кога сумата на производите на поединечните честоти и вредности на белегот (fi и xi) ќе се подели со сумата на честотите. Пример задачаКолку ќе изнесува просечната остварена цена по килограм доколку параметрите се следните:
Σ= 908/37 = 24,54 Аритметичка средина најчесто се пресметува за одреден примерок, а врз основа на добиените резултати се прави оцена на самата популација. Има и одредена разлика во ознаките при пресметувањето и во самата формула.[4] ![]() Особености
Недостатоци
ПоврзаноНаводи
. |
Portal di Ensiklopedia Dunia