Арманска митрополија (Црква на Ирска)
![]() Арманска митрополија (англиски: Province of Armagh) или Северна митрополија (Northern Province) — една од двете митрополии на денешната англиканска Црква на Ирска (другата е Даблинската), наречена по нејзиното седиште — градот Арма во Северна Ирска. Го носи формалниот назив „Обединета арманско-туамска митрополија“ (The United Province of Armagh and Tuam) по спојувањето со Туамската митрополија во 1833 г. Нејзин митрополит е Архиепископот Армански. НадлежностМитрополијата има 7 суфрагански епархии кои ја опфаќаат сета Северна Ирска дел од Република Ирска, односно грофовиите Донегол, Монахан, Каван, Лаут, Литрим, Слајго, Роскомон (освен најјужниот дел), Лонгфорд, Мејо и северната половина од Голвеј. САо тоа може да се рече дека зафаќа половина од островот Ирска. Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia