Арсениј Тарковски
Арсениј Александрович Тарковски (руски: Арсе́ний Алекса́ндрович Тарко́вский), роден во Кировград поранешен Елисаветград, на 25 јуни 1907 (стар стил 12 јуни) – починат во Москва, на 27 мај 1989 — еден од најистакнатите советски поети на дваесеттиот век. Неговиот син Андреј Тарковски е еден од најголемите филмски режисери во историјата на светската кинематографија[1]. ЖивотописФамилијаТарковски е роден на 25 јуни 1907 година во Елисаветград, Херсонска Губернија, Руско Царство (денес Кропивницкиj, Украина). Неговиот татко, Александар Тарковски, бил банкарски службеник и руски револуционер (nародник), а се занимавал и со аматерска глума. МладостВо 1921 година, Тарковски и неговите пријатели објавиле песна која содржела акростични алузии во врска со Ленин. Поради тоа тие биле уапсени и испратени во затвор во Николаев. Тарковски бил единствениот што успеал да избега. КариераВо 1924 година Тарковски се преселил во Москва, а од 1924 до 1925 работел во весникот за железничките работници наречен „Гудок“, како уредник на рубриката за поезија. Од 1925 до 1929 година студирал литература на московскиот универзитет. Во тоа време преведувал поезија од туркменски, грузиски, ерменски и арапски јазик. За време на Втората светска војна тој доброволно се пријавил како воен дописник во весникот „Воен аларм“. Бил ранет во 1943 година. Поради гангренозни компликации му била ампутирана ногата. Во прво време бил познат како одличен и мошне плоден поетски преведувач. Првата поетска збирка „Пред снегот“ ја објавил во 1962 година[2]. СмртЖивеел главно во Москва и Переделкино. Починал на 27 мај 1989 година во Москва. Во 1989 година посмртно ја добил Државната награда на СССР. Творештво![]() Последната книга во неговиот живот била книгата „Ѕвездите над Арагац“ објавена во 1988 година. Неговиот опус опфаќа 12 збирки поезија и собрани дела во три томови. Неговата поетска творба зазема необично и оригинално место во советската и руската поезија. Со својот литературен и поединечен пристап, тој создава специфичен поетски израз којшто нема поетски паралели со останатите стилски движења од тој период. Тоа е творечки потфат во кој е присутна богата и длабока литературна алегорија, симболика, метафора, проткаена со исклучителна рефлексивност и продирање во метафизичките тајни на животот и универзумот[3]. Неговата поезија била и суштинска гама во скоро сите филмови на најголемиот филмски режисер и кинематограф во историјата на филмската уметност воопшто. Таа е еден од битните елементи на богатата структура на неговите филмови. Прераната смрт на Андреј Тарковски оставила длабока потиштеност и болка кај Арсениј, која е видлива во неговата поезија особено во последната збирка „Ѕвездите над Арагац“. Творечкиот придонес и на двајцата автори, има постојано ревизиска - есеистичка опсервација од истакнатите автори, критичари, теоретичари. Нивната уметност е сериозен придонес со планетарно значење во дејството и улогата на творештво[4]. Библиографија
Преводи
Филмови со песни од А. А. Тарковски
Книги во кои се користени стихови на Арсениј Тарковски
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia