Артериосклероза
Артериосклерозата е задебелување, стврднување и губење на еластичноста на ѕидовите на артериите.[1] Овој процес постепено го намалува протокот на крв кон органите и ткивата, и може да доведе до сериозни здравствени проблеми заедно со атеросклероза, која е специфична форма на артериосклероза предизвикана од масни наслаги, холестерол, и некои други материи во и на ѕидовите на артериите.[2] Може да биде предизвикана од пушење, лоша исхрана или од повеќе генетски фактори. Атеросклероза, главната причина за коронарна артериска болест (КАБ) и мозочен удар, е пореметување со повеќе генетски и еколошки фактори на ризик. Генетско-епидемиолошки студии откриле изненадувачки долго список на генетски и негенетски фактори на ризик за КАБ. Сепак, таквите студии укажуваат на тоа дека семејната историја е најзначаен и независен фактор на ризик. СимптомиМеѓу симптомите на артериосклероза се: ненадејна слабост, фацијална вкочанетост или вкочанетост на долните екстремитети, конфузија, тешкотии во разбирање на говорот како и проблеми со гледањето. Патофизиологија![]() Лезиите на артериосклерозата, започнуваат кога интимата (внатрешниот слој на ѕидот на крвните садови) на артерискиот ѕид ќе почне да се полни со таложење на клеточни отпадоци. Како овие почнуваат да се зголемуваат и да растат, тие можат да заземат различни форми на артериосклероза. Сите се поврзани преку заеднички одлики, како што се запушување на артериски крвни садови, задебелување на артериските ѕидови. Артериосклерозата, за разлика од атеросклероза, е склероза која ги засега само малите артерии и артериоли, кои носат хранливи материи и кислород до клетките.[3] Атеросклероза е стеснување на артериите со таложење на масни материи, отпадните материи кои стигнале преку крвта, наслаги од калциум и фибрин, во внатрешноста на артериит. Ова ги зафаќа големите и средните артерии; но, неговото позиционирање зависи од личност до личност. Видовиː
ДијагнозаДијагноза на артериосклероза може да биде врз основа на физички преглед, крвна слика, ЕКГ.[7] ТретманТретманот е најчесто во форма на превентивни мерки за профилакса. Лекови за третман на висок холестерол, лекови за лекување на висок крвен притисок (на пример, АЦЕ инхибитори),[8] се употребуваат за лекување на артериосклерозата. Промени во животниот стил, како што сеː зголемување на вежбање, прекинот на пушењето, и ги намалена доза на алкохол, исто така се препорачува како профилакса од артериосклероза. ![]() Покрај медикаментозната терапија, постојат и оперативни методи за лекување:
ЕпидемиологијаВо 2008 година, имаше проценка од 16 милиони атеросклеротички срцеви болести и 5,8 милиони срцеви удари. Кардиоваскуларни болести кои се предизвикани од артериосклероза, предизвикале речиси 812,000 смртни случаи во 2008 година, повеќе од која било друга причина, вклучувајќи го и ракот. Околу 1.2 милиони Американци се предвидува да имаат срцев удар секоја година.[13] ИсторијаОваа болест можеби постои уште од античко време; меѓутоа, нејзината дијагностика и клинички импликации не беа познати до XX век. Терминот артериосклероза не се употребил се дур Жан Фредерик Мартин Лобстен не го измисли тоа, анализирајќи го составот на калцифицирани артериски лезии.[14] Потекло на поимотИмето потекнува од грчките зборови αρτηρία, што значи артерија, и σκληρωτικός, што значи закорави.[15] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia