Археолошко наоѓалиште![]() Археолошко наоѓалиште или археолошки локалитет — место на кое се откриени на археолошки остатоци од човекови дејности во минатото. Стручно утврдените и заведени наоѓалишта обично се сметаат за културно-историско наследство. За дејноста на местото сведочи присуството на артефакти, структурни елементи, употреба на земјиштето и други отстапувања од природната околина. Остатоците можат да се пронајдат со набљудување на земјиштето или пак, ако местото е закопано, со подземно испитување. Многу наоѓалишта се откриваат случајно. Најчесто првите откривачи се земјоделците, орајќи по нивите. На второ место се земјишните зафати при изградба или други предвидени дејности во месности кои се веќе познати како историски значајни. При наидувањето на наоѓалиштето, местото најпрвин се документира, а ископувања се отпочнуваат ако се располага со средства и време. Во случај на градежни работи, истражувачките работи треба да се предвидени во рамките на севкупните вложени средства. Наоѓалишта во Македонија![]() Археолошките ископувања во Македонија започнале во XIX век, претежно од странски истражувачи. Работите продолжиле под покровителство на југословенската држава, а потоа зеле замав со уредувањето на Македонија како државна единица во доцните 1940-ти.[1] Според сознанија од првото десетлетие на XXI век, во Македонија постојат 5.000 познати археолошки наоѓалишта, иако истите стручњаци тврдат дека бројката е всушност двојно поголема[2]. Културнонаследна класификацијаСпоред националната класификација на недвижното културно наследство на Македонија, наоѓалиштата (официјално поопфатно наречени „археолошки подрачја“) се делат на следниве видови:[3]
НастанокНаоѓалиштето настанува со напуштање на местото од страна на неговите некогашни жители или со негово закопување. Неговото обликување може да се должи на различни процеси:
ТеловиНајзабележителни наоѓалишта и оние каде настанокот а највидлив се теловите. Ваквите видови живеалишта се среќаваат во поисточните краишта, кајшто користеле материјали како непечени тули (ќерпич), од кои со време се образуваат лажни ридови. Постојат повеќе примери за вакви наоѓалишта во Западна Азија и Северна Африка, меѓу кои особено се издвојува Чатал Хојук во Анадолија. ПоделбаАрхеолошките наоѓалишта можат да се поделат според одредени мерила:
Археолошки ископувањаАрхеолошките ископувања можат да бидат земски или подводни. Подразбираат отстранување на почвата и анализа на структурата според научна методологија наменета за откривање и истражување на сите видови историски или палеонтолошки остатоци, како и поврзаните геоморфолошки составници. Други дејностиПокрај горенаведеното, во наоѓалиштата се одвиваат и следниве дејности:
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia