АрхијерејАрхијереј (грчки: ό άρχιερεύς) — највисокото ерархиско ниво во Православната црква. Тој носи една од следните титули: епископ, митрополит, архиепископ или патријарх. Епархиски архијерејЕпархискиот архијереј во Македонската православна црква е непосреден поглавар на епархијата. Тој е главен претставник и управител на сиот црковно-духовен живот и црковен ред во епархијата. Својата црковно-архијерејска власт ја врши самостојно, а црковните самоуправни задачи во заедница со свештенството и народот. Епархискиот архијереј има свој заменик кој го заменува во рамките на неговите овластувања. ИзборЕпархиските и викарните архијереји ги избира Светиот архијерејски синод под претседателство на архиепископот. Изборот на архиепископ го врши Светиот архијерејски синод кога се присутни две третини од сите епархиски архијереи. Викарен архијерејПокрај епархиските архијереи, има и викарни архијереи (викари). Тие се помошни архијереи кои му помагаат на епископот, митрополитот, архиепископот или патријархот во управувањето со епархијата. Тие добиваат почесна титула, обично по историска епископија. Викарните архијереи учествуваат во работата на архијерејскиот собор, обично без право на одлучување. ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia