Астеризам (типографија)
Астеризам ⁂ ― типографски симбол кој се состои од три ѕвездички поставени во триаголник, кој се користи за различни цели. Името потекнува од астрономскиот поим за група ѕвезди.[1] Астеризмот првично бил користен како вид на динкус во типографијата, иако сè поретко.[2] Може да се користи и за да значи „ненасловен“ или задржан автор или наслов – како што се гледа, на пример, во некои изданија на Албум за младите од композиторот Роберт Шуман (№ 21, 26 и 30).[3] Во метеорологијата, астеризам во модел на станица укажува на умерени снежни врнежи.[4][5] ДинкусДинкус е типографски знак за делење текст, како на пример при поделба на параграф. Неговата цел е „да укаже на мали поделби во текстот“,[6] да привлече внимание на пасус или да издвои под-поглавја во книга. Така, астеризмот што е користен на овој начин е еден вид динкус: во денешно време оваа употреба на симболот е речиси застарена.[2] Почесто употребуваните динкуси се три точки или три ѕвездички во хоризонтален ред.[7][8] За истата цел може да биде користен мал црно-бел цртеж[9] или флеурон (❧).[8] Во спротивно, користен е дополнителен простор помеѓу параграфите. Динкус може да биде користен заедно со дополнителниот простор за означување на помала подподелба од подпоглавје. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia