Астеропај![]() Астеропај (12 век п.н.е.) ― во Илијадата е познат како пајонски јунак во Тројанската војна. Претходник на Астеропај се смета дека бил Пирајхме (12 век п.н.е.).[1][2] Како соузник на Тројанците, ја предводел во војна, пајонската војска што доаѓала од „широкострујниот Аксиј“, односно од „бреговитата и плодна Пајонија“. Според митологијата бил син на Пелагон. Борејќи се храбро против Ахајците, загинал од рацете на Ахил.[3] Во Илијадата се наведени неколку имиња на пајонски јунаци кои влегле во двобој со митскиот јунак Ахил. Некои научни констатации за припадноста на етничката група која го населувала Мариово во антиката, како Пелагонците, на пример, не се противречни на горекажаното, ако се земе дека и тие биле во блиско сродство со Пајонците, ако не и исто племе. И двете етнички групи се споменуваат кај Хомер (во Илијадата) во следните стихови:[4][5]
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia