Астроном (Вермер)
Астроном (холандски: De astronoom) е слика масло на платно од холандскиот сликар Јоханес Вермер создадена во 1668 година[1]. Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Вермер. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело ги следи неговите ликовни постулати [2]. ОписНа сликаталиката е прикажан маж на возраст од околу 30-ти години како интензивно го набудува небесниот свет во добро осветленото ателје. Ова е една од двете слики на Вермер, заедно со „Географот“, на кој е прикажан истиот модел . Насликани се и бројни предмети со прецизна и реалистичка точност и сите на неко начин претставуваа одредени симболи кои всушност ја претставуваат нарацијата, пораката и суштината на делото[3]. СтилСликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Поетско чувство за атмосферата - тивка ненаметлива, сконцентрирана. Често се споменува нејзината историја или нејзината позиција во рамките на историјата на уметноста но, не се разгледуваат симболите, композицијата, неверојатното сликарско толкување на мотивот и бројни други елементи кои се доказ за обмисленоста, анализата и филозофската ликовна постапка кај овој генијален автор[4]. Техника на сликањеВермер спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Бројните проучувања меѓу кои спаѓаат и ренгенски скенирања, и не само за ова негово дело, откриле употреба на чисти и добро обработени пигменти, точна и мајсторска употреба на врзива, масло, лак и други технолошки елементи кои најверојатно Вермер, самиот ги приготвувал според сопствените истражувања и потреба во ликовниот израз. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Вермер инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката[5]. ВлијаниеКако и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Иако неговата слава и признание дошло подоцна, неговата ликовна заслуга е откриена малку подоцна, сепак, денес во многу сегменти, неговата ликовна постапка и порака е интензивно присутна. Поетиката, мислата, постапката, третманот на светлината, психологијата на моделите - најчесто женскиот лик и друго се содржината која е предмет на инспирација и ликовна поука за многу сликари. Во дваесеттиот век неговата постапка ќе биде основата за развојот на стилскиот правец хипер реализам како и надреализам.[6]. Библиографија
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia