Аџи Христо ДамјановичАџи Христо Дамјанович - Логотет некаде се сретнува како Аџи Христо Дамјановиќ ― (крај на 18 век во Прилеп ― 1852 во Прилеп) ― виден прилепски граѓанин, градител на цркви и училишта, претставник на македонското чорбаџиство.[1][2][3] ЖивотописДолго време бил архиерејски намесник на пелагонискиот патријаршиски митрополит од кого ја добил титулата логотет. Одлично го владеел грчкиот и турскиот јазик. Неговиот голем авторитет пред пелагонискиот владика, кој подоцна станал вселенски патријарх, овозможил во Цариград да добие специјална дозвола (бујурлдија) за изградба на прилепската црква „Свети Благовештение“ (1838 година). Заслужен е ѝ за изградбата на народноопштинското училиште „Свети Кирил и Методиј“ (1843 година). Во исто време бил првенец во Прилепската црковно-училишна општина.[1][2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia