Бабинска Река
Бабинска Река (позната и како Базерничка Река или Мала Река) — река во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река. Речните води се богати со охридска пастрмка со црвени точки. Тие исто така претставуваат извор за производство на електрична енергија. ТечениеРеката извира на Плакенска Планина, на надморска висина од 1.902 м. Нејзиното течение понатаму се спушта по падините на планината, поминува низ селата Базерник и Бабино, по што се влева во Црна Река.[1] РибарствоБабинска Река е богата со охридска пастрмка со црвени точки. Во атарот на селото Бабино се наоѓа истоимениот рибник „Бабино“. Рибникот е сместен меѓу два зелени речни брега, каде што извира вода со капацитет од 30 до 200 литри л/с. Неговиот капацитет е годишно производство на пастрмка од 80.000 кг. Рибникот претставува туристичка атракција во демирхисарскиот крај и е посетуван особено во летниот период.[2] ЕнергетикаПо течението на реката е изградена малата хидроцентрала „Мала Река“ со моќност од 270 KW.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia