База „Генерал Бернардо О’Хигинс Рикелме“
![]() База „Генерал Бернардо О'Хигинс Рикелме“, или Бернардо О'Хигинс, именувана по Бернардо О'Хигинс — трајно екипирана чилеанска истражувачка станица на Антарктикот и главниот град на комуната Антарктика. Лежи во 63°19′15″S 57°53′55″W / 63.32083°S 57.89861°W, на надморска височина од 13 метри, околу 30 км југозападно од Прајм Хед, најсеверната точка на Антарктичкиот Полуостров, кај Легопиловиот ’Рт. ИсторијаБазата била основана на 18 февруари 1948 година од страна на Чилеанската Антарктичка Експедиција и е една од базите на Антарктикот со најдолго време на континуирана работа. Бројот на екипажот во зимскиот период е 16 луѓе, додека во текот на летниот период овој број е обично 44, иако може да се сместат до 60 лица. Базата е управувана од чилеанската армија. Позната е и како Пуерто Ковадонга по пристаништето на кое се наоѓа.[1] Германската Антарктичка Приемна Станица (ГАПС) е основана во О'Хигинс во 1991 година од страна на Германскиот авиовселенски центар. Станува збор за сателитска копнена станица сместена на Антарктикот за да овозможи прием на податоци од сателитски сензори во јужнополарниот регион, кои инаку би можеле да се изгубат. Сензорите со висок пропусен опсег, како што е SAR, генерираат премногу податоци за да се складираат на сателитот за пренос на копнени станици на друго место. ГАПС бил сместен во О'Хигинс поради геологијата, инфраструктурата и пристапноста на базата. Триесетина случаи на КОВИД-19 биле пријавени на истражувачката база на 22 декември 2020 година. Ова се првите пријавени случаи на континентот.[2] Историски локалитетИсторискиот локалитет О'Хигинс на Легопиловиот ’Рт опфаќа структури од историско значење:
Местото било означено како историско место или споменик (HSM 37), по предлогот на Чиле на Консултативната средба на Договорот за Антарктикот .[3] КлимаБазата Бернардо О'Хигинс доживува гранична поларна клима која е исклучително блиску до климата на поларна ледена покривка. Просечните годишни врнежи изнесуваат 771 милиметри, и се распространува прилично рамномерно во текот на годината, обично достигнувајќи маргинален врв за време на австралната пролет. Температурите се ниски во текот на целата година; најтопол месец е јануари со просечна месечна температура од 1 °C (34 °F), додека најстуден месец е јули со просечна месечна температура од −9 °C (16 °F) .
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia