Базелски комитет за банкарска супервизијаБазелскиот комитет за банкарска супервизија (англиски: Basel Committee on Banking Supervision) претставува меѓународен форум за дискусија помеѓу националните власти за следење и место за заемна размена на информации, вклучувајќи и размена на искуства за успешноста на методите и техниките за надзор на активностите на меѓународните активни банки. Историја за Базелскиот КомитетПо пропаста на Бретонвудскиот систем исчезнала потребата од БИС како форум за координација на централните банки и тогаш започнало нејзиното свртување кон финансиската стабилност. Пресвртната точка во идниот развој на БИС се случила во декември 1974 година, кога гувернерите од земјите-членки на Г10 го основале Комитетот за банкарски регулации и супервизорски практики (Committee on Banking Regulations and Supervisory Practices) кој подоцна бил наречен Базелски комитет за банкарска супервизија. Главниот мотив за создвањето на овој комитет било пропаѓањето на две значајни банки во текот на 1974 година - Bnkhaus Herstatt и Franklin National Bank of New York, а иницијативата потекнала од Банката на Англија.[1] Базелскиот комитет бил замислен како форум за редовна соработка помеѓу членките на БИС за банкарските супервизорски прашања. Неговата основна цел била да се зачува глобалната финансиска стабилност преку подобрување на банкарската супервизија во светот. Комитетот настојува да ги постигне своите цели со поставување минимум супервизорски стандарди:
За да се справи со предизвиците претставени со диверзифицираните финансиски конгломерати, Комитетот исто така работи со други тела кои ги поставуваат стандардите, вклучувајќи ги оние за хартиите од вредност и осигурување на индустријата. Првиот состанок на Базелскиот комитет се одржал во февруари 1975 година, а денес, состаноците се одржуваат три-четири пати во годината. Во 2009 година, Комитетот го проширил членството и сега вклучува 27 земји. Комитетот сега го известува надзорното тело, групата гувернери на централните банки и директорите на супервизорските агенции.[2] Во Базелскиот комитет земјите-членки се претставени од страна на нивните централни банки, како и од органите со формална одговорност за супервизија на банките. Претседател на Базелскиот Комитет е Stefan Ingves, гувернер на Шведската централна банка. Одлуките на Комитетот немаат законска сила. Наместо тоа, Комитетот ги формулира супервизорските стандарди и упатстава и дава препораки за најдобрите практики во очекување дека поединечните нацоинални власти ќе ги спроведат. На овој начин, Комитетот ја охрабрува конвергенцијата кон заедничките стандарди и ја следи нивната имплементација. Првична цел на Комитетот била воспоставување на контакт помеѓу земјите членки. Низ заедничко залагање се очекуваше надминување на празнините во мрежата на контрола и унапредување на истата. Комитетот ги дефинира техниките со чија помош ќе се остварат поставените цели:
Комитетот особено се залага за остварување на контрола на банките кои делуваат интернационално, заради тоа се воспоставени две цели:
Првиот чекор во оваа насока бил документот Конкордат, донесен во 1975 година. Во мај 1983 година, Конкордатот бил ревидиран и повторно издаден под името Принципи за контрола на странските банкарски институции, во кој детално е разработена тематиката за распределба на надлежностите меѓу домашните и странските регулатори. Во април 1990 година бил издаден додаток на Конкордатот од 1983 година со цел подобрување на прекуграничниот проток на информации помеѓу банкарските супервизори. Во јуни 1992 година, одредени принципи на Конкордатот биле преформулирани како минимум стандарди. Во октомври 1996 година, Комитетот го објавил извештајот за супервизија на прекуграничното банкарство изготвен од страна на заедничка работна група во која беа вклучени супервизорите од не G10 земјите. Документот ги презентирал предлозите за надминување на пречките за ефикасен консолидиран надзор на прекуграничните операции на меѓународните банки. Вклучувањето на супервизорите од не G10 земјите, исто така, одиграло витална улога во формулирањето на Основните принципи на Комитетот за ефикасна банкарска супервизија во следната година. Поттикот за овој документ потекнува од извештајот донесен во 1996 година од страна на министрите за финансии на G-7 земјите во кој се барала делотворна супервизија во сите важни финансиски пазари, влучувајќи ги и оние на новите економии. Откако се објавил документот во септември 1977 година, биле утврдени 25 основни принципи за кои Базелскиот Комитет верувал дека треба да бидат спроведени преку системот за супервизија. По неколку ревизии, (последните направени во септември 2012 година), документот содржи 29 принципи со кои се опфаќа потребата за рана интервенција и навремена активност на надзорот; супервизорските очекувања на банките, како и усогласеност со супервизорските стандарди. Намена и улогаМандатБазелскиот комитет за банкарска супервизија е примарен глобален поставувач на стандрди за прудентна регулатива на банките и обезбедува форум за соработка за банкарските супервизорски прашања.Неговиот мандат е да ја зајакне регулацијата, супервизијта и практиките на банките насекаде во светот со цел да се подобри финансиската стабилност.[3] АктивностБазелскиот комитет ги извршува следниве активности:
Правен статусБазелскиот комитет не поседува никаква формална наднационлна власт. Неговите одлуки немаат правна сила. Наместо тоа, Базелскиот комитет се потпира на обврските на своите членови за да до постигне својот мандат. ЧленствоЧленки во Базелскиот Комитет може да бидат организации со овластување за директна банкарска супервизија и централните банки. Откако ќе се консултира со Комитетот, претседателот на Базелскиот Комитет може да покани и други организации кои ќе станат набљудувачи во Базелскиот Комитет. Членките во Базелскиот Комитет и оние со статус на набљудувачи периодично се преиспитуваат. При прифаќањето нови членки, посебно внимание се посветува на нивните значајни национални банкарски сектори за меѓународна финансиска стабилност. Комитетот упатува препораки до неговото надзорно тело, групата гувернери и шефовите за супервизија за измени во членството, а Секретаријатот го објавува списокот на членки и набљудувачи на неговото мрежно место. Долго време, членки на Базелскиот комитет биле земјите од групата Г-10, но Комитетот го проширил своето членство во 2009 и повторно во 2014 година. Така, денес во овој комитет членуваат: Аргентина, Австралија, Белгија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Хонгконг САР на НРК, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Кореја, Луксембург, Мексико, Холандија, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција, Велика Британија и САД.[4] Одговорности на земјите членки во Базелскиот КомитетЧленките во Базелскиот Комитет се обврзани да:
Надзорен органГрупата гувернери на централните банки и шефовите за супервизија е надзорен орган(GHOS). Неговите надлежности се:
ОрганизацијаВнатрешната организациона структура на Базелскиот Комитет се состои од:[5]
КомитетотКомитетот е крајно одлучувачко тело во Комитетот. ОдговорностиКомитетот е одговорен за:
Честота на состаноцитеКомитетот обично се состанува четири пати во годината.Сепак, претседателот може да одлучи да одржи дополнителен состанок ако е потребно. Претставување на состаноците на КомитетотПретседателот претседава со состаноците на Комитетот.Сите членки во Комитетот и набљудувачите имаат право да назначат по еден претставник кој ќе присуствува на состаноците на Комитетот.Претставниците треба да бидат високи функционери од нивните организации и треба да имаат овластување доверено од нивните институции.Претставниците на состаноците на Комитетот се очекува да бидат на пример лице на чело банкарската супервизија, шеф на банкарска политика, шеф на одделението за финансиска стабилност и сл. ОдлукиОдлуките се донесуваат со консензус помеѓу неговите членки. Соопштување на одлукитеОдлуките од јавен интерес треба да бидат соопштени преку мрежната страница на Комиетот.Комитетот треба да ги пренесе неговите одлуки и преку печатот. Групи, работни групи и оперативни групиРаботата на Базелскиот Комитет во голема мера е организирана во групи, работни групи и оперативни групи.Секретаријатот го прави јавно достапен списокот на групите и работните групи. ГрупиГрупите го известуваат директно Комитетот.Тие се дел од постојаната внатрешна структура на Комитетот и на тој начин работат без одредена испорака и краен датум. Работни групиРаботнитте групи се состојат од експерти кои се членови на Комитетот за да ја поддржуваат технички работата на групите. Оперативни групиОпертивните групи се создадени да преземаат конкретни задачи за многу кратко време.Тие обично се составени од технички експерти.Меѓутоа, кога овие групации се создадени од страна на Комитетот, оперативните групи се состојат од претставници во Комитетот со цел да се справат со конкретните прашања кои барааат брзо внимание од Комитетот.Во многу случаи тие се нарекуваат високо ниво на оперативни групи. ПретседателПретседателот ја насочува работата на Комитетот во согласност со мандатот на Базелскиот Комитет. Прв претседател на Базелксиот комитет бил Питер Кук (Peter Cooke).[6] НазначувањеПретседателот е назначен од страна на надзорниот комитет во времетраење од три години со можност да се обнови уште еднаш. ОдговорностиПретседателот е одговорен за:
СекретаријатСекретаријатот е воспоставен од Банката за Меѓународни Порамнувања со цел да ја подржи работата на Комитетот, Претседателот и групите преку кои Базелскиот Комитет ја организира неговата работа. ОдговорностиГлавните одговорности на Секретаријатот се:
Генерален СекретаријатГенералниот Секретаријат го известува Претседателот и ја насочува работата на Секретаријатот.Генералниот Секретаријат раководи со финансиските, материјалните и човечките ресурси доделени од страна на Секретаријатот.Тој исто така му помага на претседателот во претставувањето на Комитетот надворешно. Генералниот Секретаријат е избран од Претседателот, но по препорака на комисијата за избор составена од членки во Базелскиот Комитет и/или членови на GHOS и високи функционери во Банката за Меѓународни Порамнувања.Времетраењето на неговиот манадат е обично три години со можност да биде продолжен. Заменик на Генералниот секретарЗаменикот на Генералниот Секретар го известува и му помага на Генералниот Секретар при извршување на неговите надлежности.Заменикот на Генералниот Секретар го заменува Генералниот Секретар во случај на отсуство, неспособност или по барање од страна на Генералниот Секретар. Заменикот на Генералниот Секретаријат е избран од страна на Генералниот Секретар во соработка со Претседателот. Местоположба на СекретаријатотСекретаријатот се наоѓа во Банката за Меѓународни Порамнувања во Базел. Базелските стандарди, упатства и добрите практикиБазелските стандардиБазелскиот Комитет ги поставува стандардите за прудентна регулатива и супервизија на банките.Комитетот очекува целосна имплементација на овие стандарди од страна на неговите членки и нивните меѓународни активни банки.Сепак, Базелските стандарди претставуваат минимум барања и членките може да одлучат да одат подалеку од нив. УпатстваУпатствата ги елаборираат стандардите во областите каде тие се сметаат за посакувани за прудентна регулатива и супервизија на банките, посебно за меѓународните активни банки.Тие генерално се дополнување на Базелските стандарди преку обезбедување на дополнителни насоки со цел за нивно спроведување. Добрите практикиДобрите практики генерално ги опишуваат вистинските набљудувани практики, со цел да се промовира заедничкото разбирање и подобрување на надзорот или банкарските практики.Членовите на Комитетот се охрабруваат да ги споредат овие практики со оние кои се применуваат од самите нив и нивните надгледувани институции за да се идентификуваат потенцијалните области за подобрување. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia