Базилика Канделарија
Базиликата Канделарија (шпански: Basílica de Nuestra Señora de la Candelaria) е базилика која се наоѓа во Канделарија, островот Тенерифе, Шпанија[1]. Храмот е посветен на Богородица Канделарија.[2] Храмот се наоѓа на околу 20 милји од главниот град Санта Крус де Тенерифе. Секоја година, на 14 и 15 август во овој храм доаѓаат голем број на верници бидејќи датумот е поврзан со патронатот на градот, девица Канделарија која е светец-заштитник на Канарските Острови.[3], а како таква била прогласена во 1596 година од страна на кралот Филип II од Шпанија. Во исто време кралот христијанскиот храм го прогласил како Кралско светилиште на Канделарија. Базиликата е дизајнирана од страна на архитектот Хосе Енрике Мареро Регаладо.[4] Базиликата има капацитет од 5,000 верници кое означува дека е една од поголемите во Шпанија. Изградбата на денешниот објект започнала во 1949 а завршшила во 1959 година.[5] Храмот беше прогласен од Папа Бенедикт XVI, како Мала Базилика на 24 јануари 2011 година и официјално ги објави на 2 февруари истата година, се совпадна со празникот на Канделарија.[6] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia