Бакирќој
![]() Бакирќој (турски: Bakırköy) — големa и најгусто населена населба на станбени објекти во Истанбул, Турција, на европската страна од градот, помеѓу главниот пат E5 и брегот на Мраморно Море. Местото е важен трговски центар за Истанбул. ИсторијаВо времето на Византија, овој регион се наоѓал надвор од градот и се викал Хебдомон. Овде, царот Валент ја изградил својата резиденција. Освен ова, овде се наоѓала и црквата Свети Јован во која бил погребан Василиј II Македонецот. Преградието служело за собир на византиската армија. Подоцна, ова место било наречено Макохори (далечно место) каде биле изградени голем број на куќи. Денеска, регионот е еден од поразвиените трговски центри во градот. Овде се наоѓаат голем број на трговски центри, кина, кафулиња, барови и слично. Овој регион е лесно поврзан со јавниот превоз на градот, бидејќи преку него минуваат голем број на автобуси. Во близина на Бакирќој се наоѓа авиопревозникот ТАВ.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia