Балфорова декларација

Писмото на Балфор во кое се содржи текстот на декларацијата

Балфорова декларација — јавна изјава издадена од британската влада во 1917 година, за време на Првата светска војна, со која е изразена поддршка за основањето на „национален дом за еврејскиот народ“ во Палестина, која тогаш била во границите на Отоманското Царство и имала малцинско еврејско население. Оваа декларација се содржела во писмо на Артур Балфор, секретар за надворешни работи на Велика Британија, од 2 ноември 1917 година, до Лајонел Волтер Ротшилд, лидер на британската еврејска заедница, и пренесена до Ционистичката федерација на Велика Британија и Ирска. Текстот на декларацијата бил објавен во печатот на 9 ноември.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya