Банџи-скокањеБанџи скокање — прастар ритуал што потекнува од островите на Тихиот Океан, поточно од едно село од островите на Вануату. За да скокате банџи, потребна ви е висока структура и долго гумирано јаже, кое го врзувате на зглобовите од вашите нозе, а другиот крај на кулата. Слободното паѓање е главната поента која го качува адреналинот. Енергијата на падот ја апсорбира јажето, кое се растегнува, а скокачот осцилира горе-долу додека да се стабилизира енергијата сосема. ИсторијаЛегендата зборува за брачната кавга меѓу Тамалие и неговата сопруга, која му избегала и се качила на едно високо дрво, каде нозете си ги врзала со лијани. Кога Тамалие се качил по неа на дрвото, таа скокнала. И тој скокнал по неа, не знаејќи дека таа е врзана со лијаните од дрвото. Се разбира - Тамалие умрел, а таа останала жива. Луѓето од селото кои биле сведоци на овој настан, толку многу се воодушевиле на скокот што го извела жената, што почнале да го практикуваат скокањето, кое го претвориле во ритуал за докажување на машкоста. Интересни информации
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia