Бартл Фрир
Бартл Фрир (англиски: Bartle Frere) или Чоречилум (дијарбалски: Choorechillum[1]) е највисока планина во Квинсленд, Австралија. Планината има надморска висина од 1611 метри. Планината е именувана по Хенри Бартл Фрир, британски колонијален администратор и тогашен претседател на Кралското географско друштво, а подоцна и британски гувернер во Колонијата Кејп (денес ЈАР). Планината се наоѓа на 51 километар[2] јужно од Кернс во националниот парк Вороноран. Планината е дел од планинскиот венец Беленден Кер. Падножјето на планината е целосно покриено со шуми. ИсторијаПрвиот Европеец што ја искачил планината е Кристи Палмерстон во 1886 година. Тој запалил дрво на самитот „П 26 октомври '86 година“.[3] Нејзиниот непосреден сосед, планината Беленден Кер е втора по височина планина во Квинсленд со 1593 метри. ИскачувањеВрвот на планината Бартл Фрир, кога не е покриен со облаци, нуди можност да се видат крајбрежните низини и Абертоновите рамнини.[4] Искачувањето може да биде прилично стрмно на места со потреба од алат. Познато е дека во областа се случуваат ненадејни временски промени. Искачувањето на врвот може да биде прилично лошо и многу туристи се губат, некои неколку дена, додека се искачуваа на планината.[4] Главните причини за ова се непредвидливите временски услови, слабата подготовка и повремено нејасни обележувачи на патеката. Како и да е, искусен алпинист не треба да има проблем да се искачи на врвот. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia