Бањанска Река
Бањанска Река (некаде позната и како Крива Река[1]) — река во Македонија, лева притока на реката Лепенец. ТекНејзината должина изнесува околу 15 километри. Извира високо на падините на Скопска Црна Гора и протекува во правец од север кон југ, низ стрмна долина (кањон) со високи засечени падини и карпи во близината на средновековниот манастир „Свети Илија“ сѐ до селото Бањани. Од селото Бањани продолжува да тече низ пространата зарамнета висорамнина во Скопската Котлина сѐ до под селото Бразда, каде се составува со Кучевишка Река, од каде што го завртуваат својот правец на течење кон запад и југозапад сѐ до вливот во реката Лепенец, наспроти селото Волково. Воден потенцијалРеката се одликува со чиста и бистра вода и висок водостој посебно во рана пролет. Во горниот тек на реката во стрмната долина над манастирот Св. Илија на Скопска Црна Гора, моментално активно се работи на изградбата на брана со минихидро централа која со електрична струја, вода за пиење и вода за наводнување на обработливото земјиште ќе го снабдува селото Бањани и неговата околина.[2] РибникКај селото Бањани на водите на реката постои и рибник, а од рибниот и животински свет се застапени кркушките, бојникот, карашот и речниот рак. Ливадите на двата брега на реката во околината на манастирот Св. Илија се често посетувани од излетници и туристи во текот на целата година. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia