Беатрикс Потер![]() Хелен Беатрикс Потер (28 јули 1866 г. – 22 декември 1943) била англиска писателка, илустратор и природонаучник. Најпозната е по нејзините книги за деца со животни, како што е „Приказната за зајaчето Питер“, што било нејзино прво објавено дело во 1902 година. Нејзините книги, меѓу кои се и 23 приказни, се продадени во преку 250 милиони примероци.[1][2] Во 1903 година, Зајачето Питер бил првиот измислен лик патентиран како плишана играчка, и со тоа е најстар лиценциран лик на светот.[3] Родена е во семејство од висока средна класа, ја образувале нејзините гувернанти и пораснала изолирана од други деца. Имала многу миленичиња, а одморите ги поминувала во Шкотска и во Езерскиот Крај, со што развила љубов кон пејзажот, флората и фауната, и сето тоа внимателно го набљудувала и цртала. Нејзината студија и акварелите од габи ја прават високо ценета личност во микологијата. Во своите триесетти, Потер самостојно ја публикувала многу успешната книга за деца „Приказната за зајaчето Питер“ . По ова, Потер почнала постојано да пишува и илустрира книги за деца. Потер напишала преку 60 книги; од кои најпознати се нејзините дваесет и три приказни за деца. Со приходите од книгите и оставштината од нејзина тетка, Беатрикс Потер во 1905 година купила фарма во Неар Сори, село во Езерскиот Крај, во грофовијата Камбрија (тогаш Ланкашир). Во текот на следните децении, таа купила уште неколку фарми. Во 1913 година, на 47-годишна возраст, се омажила за Вилијам Хелис, почитуван адвокат од Хоксхед. Беатрикс Потер починала од пневмонија и срцеви заболувања на 22 декември 1943 година во нејзиниот дом во Неар Сори на 77-годишна возраст, а речиси целиот свој имот го оставила на Националниот фонд. Таа е заслужна за зачувување на голем дел од земјиштето што сега го сочинува Националниот парк Лејк Дистрикт. Книгите на Потер и понатаму се продаваат низ цел свет и се преведени на многу јазици, а нејзините приказни се преработуваат во песни, филмови, балети и анимации. Нејзиниот живот е прикажан во два филма и една телевизиска серија. Библиографија![]()
АдаптацииВо 1971 година, бил издаден балетскиот филм, Приказните од Беатрикс Потер, во режија на Реџиналд Милс, поставен на музика од Џон Ланчбери со кореографија на Фредерик Ештон, и изведен од членовите на Кралскиот балет и оркестарот на Кралската опера.[5] Балетот со исто име го изведувале и други танцови друштва низ светот.[6] Во 1992 година, книгата за деца од Потер „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ добила кредит во филмот „Лоренцовото масло“.[7] Потер исто така се прикажува во серијата кноги од Сузан Витиг Алберт под наслов Приказните од колибата на Беатрикс Потер. Првата книга од серијата од осум книги е „Приказна за Хил Топ Фарм“ (2004), која се занимава со животот на Потер во селото Неар Сори помеѓу 1905 и 1913 година.[8] Во филмВо 1982 година, Би-Би-Си ја продуцирал Приказната за Беатрикс Потер. Оваа драматизација на нејзиниот живот била напишана од Џон Хоксворт, во режија на Бил Хејс, а во главните улоги биле Холи Ерд и Пенелопе Вилтон. Светот на зајачето Питер и пријателите е ТВ серија заснована на девет од нејзините дваесет и четири приказни.[9] Во 1993 година, Weston Woods Studios објавил едночасовен филм наречен „Беатрикс Потер: уметник, раскажувач и селанка“ со нарација од Лин Редгрејв . Во 2006 година, Крис Нунан го режирал филмот Мис Потер, биографски филм за животот на Потер, насочен на почетокот на нејзината кариера и романсата со нејзиниот уредник Норман Ворн. Главните улоги во филмот ги толкуваат Рене Зелвегер, Јуан Мекгрегор и Емили Вотсон.[10] На 9 февруари 2018 година, Columbia Pictures го објавила филмот Зајакот Петре, во режија на Вил Глук, заснован на делото од Потер.[11] Ликот Беа, кој го игра Роуз Бирн, е замислена верзија на Беатрикс Потер.[12] Продолжението на филмот под наслов Зајакот Петре бегалче бил објавено во 2021 година.[13] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia