Безвилични ‘рбетници![]() ![]() Безвиличните ‘рбетници или Agnatha (грчки збор што значи "без вилици") сочинуваат класа или наткласа на безвилични риби во типот Chordata, поттип Vertebrata. Многу понови учебници и книги ја сметаат оваа група за парафилетска[1], но скорешни молекуларни истражувања, како од rRNA[2] така и од митохондриска DNA[3] силно ги поддржуваат денешните агнати како монофилетска група. Безвиличните ‘рбетници настанале во Камбриумот. Постојат две рецентни групи на безвилични риби (понекогаш нарекувани и круглоусти): змиулките и миксините, со околу 100 видови. Иако припаѓаат на поттипот Vertebrata, миксините практично немаат прешлени. Покрај отсуството на вилици, агнатите се одликуваат и со отсуство на парни перки; присуство на нотохорд кај ларвите и кај возрасните единки, како и седум или повеќе парни жабрени торбички. Постои и пинеално око кое е осетливо на светлина (хомологно на епифизата кај цицачите). Сите живи и изумрени агнати немаат издиференциран желудник, ниту пак какви било телесни додатоци. Оплодувањето и развитокот се надворешни. Не постои родителска грижа за младите. Агнатите се ектотермни, со ‘рскавичен скелет, а нивното срце содржи 2 комори. Иако некои научници ги сметаат агнатите за животни кои ги зачувале некои од одликите на древните ‘рбетници, сепак, денешните класификации јасно ги сместуваат миксините заедно со змиулките како многу поблиску поврзани меѓусебно, отколку со виличните риби. Дишен системАгнатите имаат седум пара на жабрени торбички. Жабрените лакови кои даваат потпора на жабрените торбички лежат блиску до телесната површина. МетаболизамАгнатите се ектотермни или ладнокрвни. Според ова, метаболизмот на агнатите е бавен (а и тие немаат потреба од премногу храна). Не поседуваат одделен желудник, туку имаат долго црево кое е повеќе или помалку хомогено низ целата своја должина. Телесна покривкаТелесната покривка е кожа. Не постојат лушпи како кај рибите. Меѓутоа, многу изумрени агнати имале дебели телесни плочки. Телесни додатоциАгнатите немаат парни додатоци, но поседуваат опашка и каудална перка. СкелетВнатрешниот скелет на агнатите не е коскени, туку ‘рскавичен (составен од густо сврзно ткиво). Исто така, агнатите имаат нотохорд во текот на целиот нивен живот, што е важна одлика за класата. Овој нотохорд е еволутивно првиот ‘рбетен столб. РазмножувањеОплодувањето е надворешно, исто како и развитокот. Фосилни агнати![]() ![]() Иако сочинуваат мал дел од денешната морска фауна, агнатите биле чести за време на раниот Палеозоик. Познати се два типа на камбриски животни кои имале перки, вертебратна мускулатура и жабри: Haikouichthys и Myllokunmingia. Пронајдени се во Маотијаншан во Кина. Групи
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia