Безглава пирамида
Археологија![]() Карл Рихард Лепсиус, кој го посетил Египет во 1843 година, го дал првиот опис на пирамидата и ја каталогизирал како број XXIX (29) во својот список на пирамиди. Гастон Масперо во 1881 година влегол во подземните простории. Првото, многу кратко, несистематско ископување на урнатините го извршил Сесил М. Фирт во 1930 година. Потоа урнатините повторно биле покриени со песок. Во 1994 година, Јаромир Малек пласирал мислење дека Безглавата пирамида е долгобараната Мерикареева пирамидаМерикареевата пирамида (фараон од Десеттата династија) бидејќи било познато дека оваа пирамида мора да биде некаде на север на Сакара, во близина на Тетиевата пирамида. Безглавата пирамида била совршен кандидат бидејќи во непосредна близина немало друга пирамида од Петтата династија[1]. Меѓутоа повеќето научници верувале дека сопственик на пирамидата бил Менкаухор, бидејќи свештениците назначени за погребниот ритуал на овој крал, во голема мера биле закопани на север од Сакара. Систематското ископување на потструктурата под водство на Захи Хавас во 2008 година, ја потврдило припадноста на Петтата династија врз основа на структурата и материјалите кои биле типични за таа ера. Иако не биле најдени натписи со името на фараонот, Хавас му ја припишал на Менкаухор бидејќи тој бил единствениот фараон од Петтата династија чија пирамида не била идентификувана[2]. ПирамидаПирамидата е долга од околу 52 метри и веројатно била во линија со пирамидата на Тети. Практично ништо не е оставено од надградбата, па оттука и нејзиното име. На северната страна лежи влезот во подземниот систем на простории, кој бил запечатен со два гранитни портали. Скршен капак на погребниот саркофаг бил пронајден во погребната просторија. Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia