Белешница
Белешница — река на планината Стогово источно од Дебар, лева притока на Мала Река (Мијачка).[1] Течение и хидрографски одликиИзвира високо на северната падина на планината Стогово на надморска височина од 2.070 - 2.080 метри во циркот Маруша во близина на истоименото ледничко езеро со кое не е поврзана. Настанува од два поголеми извори кои како речни ракавци се спојуваат на надморска височина од 1.970 метри. Тече во правец север-југ со мало отклонување кон североисток во најдолното течение, низ многу шумовита долина помеѓу селата Могорче и Осој и се влева во Мала Река од нејзината лева страна под патот Дебар - Бошков Мост - Гари - Кичево, недалеку од познатиот мост Елен Скок на надморска височина од 733 метри. Нејзината должина изнесува околу 6 километри. Реката Белешница се одликува со изразити и особени одлики на планинска река поради многу високиот пад, за што изобилува со брзаци, слапови и помали водопади, а поради стрмнината на нејзиното корито и големата силина на водата таа има силни ерозивни дејства при што во нејзината долина има големи одрони и свлечишта[2], а поради тоа реката има и големи наноси од големи камења и дрвја. Бистрата вода со брзиот тек и каменестото и песокливо дно на водата на реката и даваат изглед на бела боја, поради што таа најверојатно го добила и името Белешница. Галерија
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia