Белковините обично делат поголема сличност во аминокиселинската низа и функцијата со членовите во склоп на едно потсемејство, отколку со членовите на семејството.[1][2] На пример, во SCOP системот за класификација, членовите на едно потсемејство споделуваат исто посредиште на заемодејство и заемодејствени партнери.[3] Овие критериуми се построги отколку кај семејството, каде членовите имаат слични структури, но можат да бидат подалечно сродни и да имаат различни поседишта. Постојат различни методи за назначување на потсемејство, вклучувајќи сличности во низата,[4]низни мотиви поврзани со функцијата,[5] или филогенетски клад.[6][7] Не постои прецизна и доследна разлика меѓу белковинско потсемејство и семејство. Иста група на белковини понекогаш може да биде опишана како семејство или како потсемејство, во зависност од контекстот.