Белослав
Белослав (бугарски: Белослав) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Белослав во Варненската Област. Има население од околу 7.620 жители (2022).[1] Географија и местоположбаГрадот се наоѓа на 19 километри западно од Варна. Сместен е на двата брега на длабинскиот пловечки канал Варна - Девња, кој ги поврзува Варненското со Белославското Езеро. Поради немање мост преку каналот во Белослав има редовен траект за превоз на патници од едниот до другиот крај на градот. ИсторијаСпоред историските податоци населбата постоела за време на Второто бугарско царство под името Крушево. Во 16 век тоа било преименувано од османлиските власти во Гебеџе Богаз, а до 18 век од името останало само Гебеџе. За време на Руско-турската војна во 1877 година, руските војници од 71-от Белевски пешадиски полк го ослободиле селото и подигнале комеморативен крст на една височина, менувајќи го името на селото од Гебеџе во Белево.[2] Селото официјално било преименувано во Белево во 1882 година и поново во Белослав во 1940 година. Во 1981 година добило статус на град. НаводиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia