Бел шумБел шум — наједноставен стационарен процес. Се нарекува и потполно случаен процес.[1] Се означува со et, каде t = 1, 2, ... n. Терминот се користи во повеќе научни дисциплини, вклучувајќи ги физиката, телекомуникациите, статистички предвидувања и слично. Одлики на белиот шум![]()
Тој се состои од низа на некорелирани случајни променливи кои имаат константни средина и варијанса.[2] Ако процесот има средина еднаква на 0 (σ=0), а претходните три услови важат, тогаш се добива бел шум со нула средина. Ако се внесе и дополнителен услов случајните променливи да се и независни (не само некорелирани), тогаш процесот се нарекува строг бел шум. Ако се претпоставува дека случајните променливи следат нормален распоред, во овој случај некорелацијата гарантира независност и процесот е строг бел шум. Овој процес се нарекува нормален бел шум.[1] На оваа слика е прикажана симулација на нормален бел шум со нула средина. Со генератор на случајни броеви, добиени се 1000 вредности на бел шум кој следи нормален распоред со средина еднаква на нула и варијанса од еден. Белиот шум нема забележлива структура. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia