Беровски женски манастир
Беровскиот женски манастир — манастир кој се наоѓа во Берово. Најпознат е по тоа што тој е единствениот манастир во Македонија во кој се прават мозаици.[1] Легенда за изградбатаЗа градењето на црквата и манастирот нема посигурни историски податоци. За тоа постои една легенда:
Темелите на првиот женски манастир во Берово се подигнати дваесет години по изградбата на манастирската црква (околу 1840 г.). Првите калуѓерки во манастирот биле снаата и ќерката на поп Ристо, зет на поп Пецо. Тие се замонашени со благослов на игуменот на Рилскиот манастир. Во својот најголем подем, а тоа е во првата половина од XIX век, манастирот броел и до шеесет монахињи, со развиена богата економија, богословско училиште, ткајачница. Првата монофазна хидроцентрала во овој крај била манастирската. Манастирот денес е еден од малкуте во земјата каде непрекинато се одвива монашки живот од своето градење. ОбјектиГлавната манастирска црква е посветена на Архангел Михаил.Таа била изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Осветена е во 1818 година, а на нејзиното осветување присуствувал и просветителот Јоаким Крчовски. Од првобитниот иконостас сочувана е само една икона со претставата на Светиот пророк Ное, дело на иконописецот Георги Велјанов од Струмица, изработена во 1818 година. Од 1899 до 1920 година во манастирот работел и зографот Гаврил Атанасов-Беровец. Целивната икона Успение на Богородица е дело на зографот Григориј Пецанов од Струмица, изработена во 1878 година. Параклисот „Св. Григориј Палама и Старец Јосиф Исихастот“ или Зимската црква е објект од понив период. Комплетно е завршен во 2014 година.[3] Иконостасот и целивалните се дело на беровскиот иконописец и копаничар Ванчо Чаушовски. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia