Библиотека „Трифун Димиќ”
За библиотекатаБиблиотеката се простира на 150 м2. Има две простории: библиотека и читална со седум маси и 40 столчиња. Во библиотечниот фонд има 6.550 публикации. Меѓу книгите на српски јазик, има мал број публикации на унгарски и англиски јазик. Книгата објавена на ромски јазик е во 349 примероци. Подружницата на библиотеката „Трифун Димиќ“ има сметач и интернет.[1] Бројот на корисници кои се запишани во библиотеката е околу 400, меѓу кои пред се има основци, но и ученици Роми кои го користат книжниот фонд на ромски јазик, потоа претставници од невладиниот сектор, како и полнолетни граѓани.[2] Библиотечни активности и проектиПокрај својата основна дејност, оваа библиотека организирала и бесплатна работилница „Вклучи сметач и научи“, како и бесплатен курс по англиски јазик.[3] Огранокот е многу специфичен, бидејќи се занимава со инклузивна работа. Нагласокот е ставен на активностите и проектите:
Во соработка со наставниот кадар на основното училиште во населбата Шангај, организирани биле различни активности во насока на образование на децата, како што се претставување на ромските автори, и доближување на ромската книжевност до децата.[4] Децата учествуваат на работилници на теми: книжевност, улогата на формалното и неформалното образование, добро однесување, насилство во училиште и семејство, професионална ориентација, хигиена на телото и просторот за живеење, заштита на животната средина, однесувањето на децата во сообраќајот, односот на децата кон возрасните, правилна исхрана и друго. Посебно внимание се посветува на борбата против дискриминацијата и насилството врз жените и во семејството.[1] Благодарение на дарувањата, библиотеката на децата им дели по 25 оброци секој ден. За некои од децата тоа е единствениот зготвен оброк во текот на денот.[5] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia