Билјана Толевска Наумовска

Билјана Толевска Наумовска
Роден Битола, Република Македонија
Националност Македонка-Македонија
Занимање ликовен уметник, сликарка

Билјана Толевска Наумовска родена во Битола, 1992 — македонска сликарка, ликовен уметник, македонски уметник.[1]

Животопис

Билјана Толевска Наумовска - основно и средно образование завршила во родниот град како и Меѓународен Славјански Универзитет (МСУ). . Досега работела на повеќе работни места кои вклучувале едукација, креативен ангажман, работа со различни целни групи низ кои доаѓа до израз нејзината целосна професионална, стручна и хуманистичка оддаденост за емнаципација и хуманистичка равноправност на вклученоста на поединецот во општествените и социјални уредувања и устројства.[2]

Кариера

Својот творечки и креативен ангажман го изградува мошне рано, создавајќи во континуитет богат и разновиден творечки опус.

Таа е член на меѓународната асоцијација на Mail Art - Мејл-арт.

Член е и на меѓународната асоцијација Ex libris како и на ликовната асоцијација и здружение FireArt - art collective[3], [4], [5], [6].

Реализирала повеќе самостојни изложби во: Битола, Охрид, Ресен.[7].,[8].

Воедно и бројни колективни претсавувања во: Полска, Франција, Андора, Турција, Грција, Италија, Унгарија, Јапонија. Кина - ААмА 2025 - Чешка ...[9], [10], [11], [12]

Во 2025 година во издание на Меѓународно графичко триенале Битола е публикувана нејзината обемна монографија: Билјана Толевска Наумовска - цртежи и слики во која се претставени над петстотини нејзини дела поделени во повеќе циклусни поглавја. [13]

Творештво

Нејзиното творештво е изразено во богат и разновиден опус.

Специфично, оригинално и виртуозно, особено во нејзината работа со туш и суптилни акварели. Нејзиниот уметнички пристап е со мотивска ориентација и инспирација нежно, суптилно и сензитивно пренесена. Со јасни потези и специфичен уметнички израз таа ги открива вистинските уметнички традиции што некогаш биле создавани во славење на животот и постоењето, нешто што денес е суштинско за нашиот вистински опстанок.

Низ бројни оригинални и авторски циклуси, таа разработува раскошни мотивско-поетски инспирации со богати композициски, структурни и стилски елементи.

Длабоко емотивни, отаа создавадела во кои се присутни и необична музички структури и линиска ритмика како и богатство на валерски градации низ кои е изразена носталгија и лиризам.

Таа сигурно и длабоко ја надоградува традицијата на македонскиот ликовен пејзаж следејќи ја и надоградуваји ја генезата на современото ликовно толкување на пределот од делата на Борислав Траиковски, Јордан Мансијевски, Вангел Наумовски, изградувајќи сопствен стил во кои има одредени екстракти на националната традиција и лаконското во источното спиритуално творечко изразување.[14],

Библиографија




Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya