БиосушењеБиосушењето — процес преку кој биоразградливиот отпад брзо се загрева низ почетните фази на компостирање за да се отстрани влагата од отпадот и со тоа да се намали неговата вкупна тежина.[1] При процесите на биосушење, стапките на сушење се зголемуваат со биолошка топлина и принудна аерација. Поголемиот дел од биолошката топлина, природно достапна преку аеробна декомпозиција на органската материја, се користи за испарување на површинската и врзаната вода поврзана со мешаната тиња. Ова производство на топлина помага да се намали содржината на влага во биомасата без потреба од дополнителни фосилни горива и со минимална потрошувачка на електрична енергија.[2] Сушењето на отпадот на овој начин може да потрае и до 8 дена.[3] Ова овозможува намалување на трошоците за отстранување во случај кога депонијата наплаќа по тон. Биосушењето може да се користи како дел од процесот на производство на горива добиени од отпад, како што било замислено од италијанскиот инженер Луиџи Кастели во 1987 година.[4] Сепак, биосушењето не влијае многу врз биоразградливоста на отпадот и затоа не се стабилизира. Биосушениот отпад сепак ќе се распаѓа на депонија при што ќе произведува депониски гас и со тоа потенцијално ќе придонесува за климатските промени. Иако биосушењето сè повеќе се применува во комерцијалните постројки за механичко биолошки третман (МБТ) тоа е сè уште предмет на тековни истражувања и развој.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia