Биофабрика

Биофакторија Гран Сантијаго

Терминот биофабрика се однесува на постројки кои минале низ процес на подобрувањата со нови инсталации на традиционалните здравствени услуги (третман на отпадни води и постројки за прочистување на вода); ова било направено со нивно преиспитување и претворање во циркуларна економија (ЦЕ). Концептот првпат бил употребен од извршниот директор на чилеанската компанија Агуас Андинасерана. Ив Лести, Карлос Кастро и Лисете Гахардо биле инженерите кои учествувале во создавање на биофабриките.

Генерално, биофабриките преминале од пристап на линеарна обработка каде што ресурсите се вадат, а потоа се преработуваат, со што се создава отпад; кон фабрики кои се снабдуваат со нови вредни природни ресурси, како што се електрична енергија, земен гас, земјоделско ѓубриво или чиста вода, кои се добиваат од она што порано се сметало за отпад.

Првиот биофабрички комплекс бил создаден во 2017 година од страна на „Агуас Андинас“, кога оваа нова стратегија била применета на неговите различни постројки за прочистување на отпадни води, Ла Фарфана и Мапочо-Требал, како и постројката за прочистување на вода во Ла Флорида, групирајќи ги сите заедно под името „Биофакторија Гран Сантијаго“.

Во текот на првата година,[1] Биофакторија Гран Сантијаго генерирала вкупно 51.792.240 kWh електрична енергија, 160.337 BTU биогас, 111.842 тони ѓубриво наменето за земјоделски култури и 603 милиони кубни метри чиста вода која била вратена во нејзините природни извори.

Принципи

Според компанијата што го смислила овој нов концепт, биофабриките работат според 6 главни принципи:[2]

  1. Користењето а: Користејќи ја енергијата на водата како ресурс, тие создаваат нови можности за нејзина употреба откако ќе се прочисти; како што се наводнувањето и полнењето на подводниот водоносен слој.
  2. Работа со сопствена енергија: Користејќи обновлив извор како што е водата, главната цел на биофабриката е да ја преземе вкупната количина на електрични потреби за своите операции и да го напојува сопствениот систем, и како енергија и како биометан.
  3. Трансформација на отпад: Тие го сметаат отпадот за извор на нови ресурси, на пример калта која останува по процесот на чистење на отпадните води се користи како земјоделско ѓубриво.
  4. Заштита на воздухот: Во рамките на своите објекти, тие имаат системи за деодоризација кои го неутрализираат мирисот, ја намалуваат емисијата на гасовите и ја преземаат одговорноста за пошумување на околината; минимизирајќи го влијанието врз животната средина.
  5. Заштита на биодиверзитетот: Тие промовираат иницијативи што создаваат оптимален екосистем за дивиот свет. Иницијативите вклучуваат чистење на реките контаминирани со отпадни води, зачувување на нивната животна средина и создавање на вештачки езера кои имаат за цел да ја заштитат животната средина.
  6. Социјална вклученост:
    • Ангажирање на заедницата: Финансирање на социјални иницијативи.
    • Соработка со други компании: Подобрување на проекти кои се занимаваат со преработка на вода што доаѓа од други области.
    • Истражување: Подобрување на истражувањата, биотехнологијата и на инженерските процеси.

Благодарности

Во септември 2018 година, проектот за биофабрика на Агуас Андинас бил награден со признанието „Моментум за промени“,[3] доделено од Обединетите нации (ОН) за време на нивната конференција за климатските промени; признавајќи го неговиот придонес кон оваа нова стратегија што има за цел да ги спречи климатските промени.

Понатаму, во октомври 2018 година, чилеанската фондација „Рециклаполис“ ја доделила Националната награда за животна средина „Рециклаполис“[4] на фабриката за биометанизација „Биофакториа Гран Сантијаго“, имплементирана од чилеанските компании „Метрогас“ и „Агуас Андинас“.

Наводи

  1. „Aguas Andinas; Memoria Anual 2017“ (PDF).
  2. „Biofactoría“. Архивирано од изворникот на 2024-06-17. Посетено на 2025-06-06.
  3. „ONU Cambio Climático“.
  4. „Premio Recyclápolis“. 2018-10-11. Архивирано од изворникот на October 17, 2018.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya