Битерфелд-Волфен
Битерфелд-Волфен (германски: Bitterfeld-Wolfen) — град во округот Анхалт-Битерфелд, Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа во југоисточна Саксонија-Анхалт, западно од реката Мулде, е површина на која главно се наоѓа тешка индустрија и јагленокопи. Градот бил создаден со спојување на градовите Битерфелд и Волфен и општините Грепин, Холцвајсих и Талхајм на 1 јули 2007. ГеографијаБитерфелд-Волфен е 25 километри североисточно од Хале и околу 35 километри северно од Лајпциг. Источно се наоѓа езерото Мулдештаузе, јужно езерото Гојче, западно лежи Зандерсдорф. Градот се наоѓа во природниот резерват Битерфелдер Бергбауревие. Соседни општиниСоседни општини се (од север во насока на стрелките на часовникот) Рагун-Јесниц, Мулдештаузе, Делич, Зандерсдорф-Брена и Цербих. Клима![]() Просечната температура на воздухот во Битерфелд е 10,0 °C и годишни врнежи од 518 мм. ИсторијаСпојување на градотНа 1 јули 2007, независните градови Волфен и Битерфелд и општините Грепин, Талхајм и Холцвајсих биле споени да ги создадат новиот град Битерфелд-Волфен. БитерфелдБитерфелд има околу 15.000 жители (2006). Бил првпат споменат во 1224. Како дел од Електорат Саксонија, потпаднал под пруската Провинција Саксонија во 1815. До административната реформа во 2007, бил главен град на округот Битерфелд. ВолфенВолфен има приближно 24.000 жители (2006). Се наоѓа северно од Битерфелд. Волфен бил првпат споменат околу 1400. Откривањето на јагленот во 1846 и изградбата на фабриката за бои Agfa во 1895 ја донела индустријата во градот, а со тоа и раст на градот. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia