Битка кај Керестес
ЗаднинаНа 23 јуни 1596 година османлиската војска заминала во поход. Под команда на султанот Мехмед III, армијата марширала низ Едрене, Филибе, Софија и Ниш а на 9 август пристигнале во Белград. На 20 август армијата ја преминала реката Сава и влегла на австриска територија. По свикувањето на воениот совет било одлучено најпрвин да се започне со опсада на Егер. Но наскоро пристигнала веста дека бил заземен градт Хатван од страна на христијаните и дека сите Османлии биле убиени. Опсадата на Егер започнала на 21 септември 1596 година и до 12 октомври замокот бил заземен. Како одмазда за масакрот од Хатван, овде биле погубени сите бранители на градот. БиткаТака по оваа победа турската армија се упатила кон Керестес. Австриската армија била предводена од страна на Максимилијан III и кралот Сигизмунд а Битката започнала на 25-26 октомври 1596 година. Во почетокот Австријците постигнале голем успех, па самиот султан Мехмед III сакал да побегне од бојното поле но по разговорот со неговиот духовен учител решил да продолжи битката. На вториот ден од битката, борбата се заострила. Војниците од австриската војска пристигнале до шаторот на султанот, кој бил опкружен со визерите. Додека некои австриски војници се обидувале да влезат во шаторот на султанот, други сакале да приграбат што е можно поголем плен. Во тоа време турските сили започнале со напад во кој учествувале и самите готвачи и биле користени лажици, метални предмети од шаторот, секири за сечење на дрво. По овој напад Австријците биле изненадени и се повлекле во конфузија. По ова одекнал гласот дека плачот на христијанскиот непријател е во бегство и моралот кај османлиските сили се зголемил. Со голема акција од артилерија, османлиските сили започнале уште еден напад на Австријците заобиколувајќи ги целосно и нанесувајќи им голем пораз. По победата Синан паша бил прогласен за голем везир испраќајчи го назад во Истанбул за да ги пренесе вестите за големите победи на Османлиите. По пристигнувањето во Истанбул, градот организирал големи прослави, а од Египет пристигнале четири галии полни со шекер, а самиот султан бил наречен со епитетот освојувачот на Егер. Султановите војски во градот пристигнале по еден месец. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia