Битка кај Лугош
Битка кај Лугош — битка која се одвила на 21 септември 1695 година во близина на градот Лугош во источен Банат, помеѓу силите на Отоманското Царство и силите на Хабсбуршката Монархија како дел од Големата турска војна. Заднина![]() До 1695 година, Отоманското Царство презело офанзива кон изгубените територии. Султанот Мустафа II наредил обновување на нападот во Трансилванија и неговата војска набргу потоа ја зазела Липова. Бранејќи го регионот Банат австрискиот фелдмаршал, Јохан Фридрих Амбросиус фон Ветерани логорувал блиску до Липова, со војска од 7.000 луѓе.[2] БиткаОсманлиите напредувале од Липова и се судриле со христијанската војска, генералот Ветерани не бил во можност да формира спој со царската армија на Саксонија на чие чело се наоѓал Август II Силниот. Битката предизвикала големи загуби на двете страни. Филдмаршалот Ветерани бил заробен од Турците и обезглавен.[3] Во оваа битка загинале и капетанот Страхиња и Антоније Знориќ, команданти на единиците на српската милиција во рамките на австриската војска.[4] ПоследициГолемата турска војна продолжила сè до смената на Август со Егениј Савојски како врховен командант и како последица на конечниот пораз на Отоманското Царство две години подоцна во Сента.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia