Битка кај Сигет
Битката кај Сигетвар или опсадата на Сигетвар се случила во 1566 година помеѓу силите на Хабсбуршката монархија на чело со хрватскиот бан Никола Шубиќ и силите на Османликсата империја на чело со султанот Сулејман I. Опсадата завршила со освојување на тврдината на градот од страна на Османлиите. ЗаднинаТврдината Сигетвер претставувала стратешка точка за османлискатѕа инвазија во Европа. Во тоа време, османлиската војска била засолнета во Будим и Белград. Претходно Османлиите пропуштиле да го заземат градот Егер. Доколку градот паднал, на Османлиите им се отворала можност бргу да стигнат до Загреб, кое би означувало и сигурно паѓање на Карловац и Вараждин. Со тоа, богатото Хрватско Загорје би станало мета на постојано ограбување од Османлиите, а градот Загреб би станал главно упориште на Османлиите во нивните обиди за освојување на јужните германски и северните италијански градови. БиткаВо малата тврдина во денешниот град Сигетвар, хрватскиот бан и гроф Никола Шубиќ се припремал за одбана. Неговата армија била составена од хрватски, унгарски и германски војници. Сите војници одлучиле да не го напуштат градот додека не загине последниот војник. Од друга страна, Османлиите ја започнале опсадата со околу 100.000 војници и 200 топови, на чие чело раководил Сулејман I. Големиот визер Мехмед-паша Соколовиќ го советувал на султанот најпрвин да се зазеде Сигетвар, а потоа да се продолжи кон Токај. Султанот го послушал и одлучил на негова страна, но сепак погрешил. Османлиската војска во Битката кај Сигетвар ја изгубила својата голема моќ и покрај тоа што го зазеле градот. На страната на Османлиите загинале повеќе од 20.000 војници, од кои околу 7.000 јаничари. Самиот султан Сулејман I не го дочекал паѓањето на градот, бидејќи починал во неговиот камп на 5 септември 1566. НаводиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia