Битола – Записи за злосреќи

Битола – Записи за злосреќи
АвторАлександар Стерјовски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
Тираж
500
Предмет(и)Злосреќи во Битола
ИздавачЗаедница на Срби во Македонија - Битола
Издадена
2012
Страници360
ISBN978-608-65452-0-8
ПретходнаБитола — Реката Драгор 
СледнаБитола — Спорт 

Битола — Записи за злосреќи – книга од Александар Стерјовски, пензиониран професор на Педагошкиот факултет во Битола. Книгата е издадена од Заедницата на Срби во Македонија – Битола во 2012 година.[1] Книгата е дел од „Битолското десеткнижие“ на авторот.

Во белешката на авторот на почетокот на книгата, авторот пишува дека во минатото Битола стекнала неколку ласкави атрибути со кои денес нејзините граѓани со право се гордеат, а од кои попознати се „најградски град“, „конзулски град“, „најопеан град“, „град на клавирите“, меѓутоа, има и еден сосема подруг, „град страдалник“, односно „град маченик“, кој открива една многу поинаква содржина на животот. Овој подруг атрибут, како и она што може да се подведе под поимите злосреќи или црнила се тема на оваа книга на Стерјовски.[1]

Опис

Ракописот поделен е на осум поглавја: [1]

  • Земјотреси и природни феномени;
  • Тешки зими и невремиња;
  • Поплави и суши;
  • Беда и глад;
  • Пожари;
  • Болести;
  • Грабежи, и
  • Бомби и разорувања.

На крајот се дадени:

  • Регистар на географски имиња, и
  • Регистар на лични имиња

како и рецензијата од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Стерјовски, Александар (2012). Записи за злосреќи (PDF). Битола: Заедница на Срби во Македонија - Битола. стр. 360. ISBN 978-608-65452-0-8. Посетено на 9 февруари 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya