Битолски партизански одред „Пелистер“![]() ![]() ![]() Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“ (формиран над селото Лавци, Битолско, на 22 април, разбиен во Ореовската корија, кај селото Ореово, Битолско, на 3 мај 1942) бил прв партизански одред формиран во битолската околија. Во неговиот состав влегле 21 борец.[1] Одредот главно вршел обука на борците. На 1 мај командирот на одредот, Ѓорѓи Наумов, со уште двајца борци, Никола Георгиевски и Стефан Трајковски, се оддалечиле од логорот и паднале во рацете на бугарска патрола. Одредот се повлекол подлабоко во шумата, но на 3 мај бил сместен и опколен од бугарската војска. Поради апсењата и испраќањето борци да воспостават врска, во моментот на битката одредот броел 12 борци.[2] Во нерамна битка одредот бил разбиен, при што загинале шест борци (Димитар Николовски, Јоска Јорданоски - Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски),[3][4] а Венда Христова била уапсена.[5] Вкупно биле уапсени 11 борци, а преостанатите четворица борци успеале да се илегализираат во Битола. Во битката, бугарската војска и полиција имале околу 30 загинати и ранети.[6] Битката на одредот со бугарската војска е опеана во познатата партизанска песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).[7] БорциВо состав на одредот влегле:[8][9][10]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia