Блага Витларова

Блага Тоде Витларова ( 1904 во Кочани — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Во времето на окупацијата живеела во Штип и била сопственик на фурна, давала леб за илегалците, а нејзиниот дом се наоѓал во близнната на болницата на Блага Џидрова која била медицинска сестра, кај неа носела на чување санитетски материјал, лекови, чаршави, ќебиња и друго. За таа цел била направена специјална скривница во визбата. Бугарската полиција сомневајќи се во нејзината ангажираност во НОД честопати вршела претреси како дома, така и во фурната, но не открила ништо.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1016.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya