Благоја КочовскиБлагоја Кочовски (17 февруари 1930 - 22 мај 2018) - професор, писател и собирач на народно творештво. ЖивотописБлагоја Кочовски е роден на 17 февруари 1930 г. во село Бабино, Демир Хисар. Основно училиште (до четврто одделение) учел во родното село, а седмолетка во село Доленци. Учителска школа завршил во Битола. По отслужувањето на воениот рок работел како учител во битолското Добровени и демирхисарското село Жван, а во 1965 година како терапевт во Аудиолошкиот центар со деца и возрасни во Скопје. По дипломирањето на Филозовскиот факултет на катедрата за југословенска книжевност и македонски јазик во Скопје се вработил во гимназијата „Панче Арсовски“, каде останал да работи сè до пензионирањето. По пензионирањето се вратил во родното Бабино. Литературна дејност![]() Кочовски се занимавал со собирачка активност, и има собрано над 1000 страници народно творштво - приказни и песни. Тој е долгогодишен трагач по националните корени на својот народ, но и регистратор на многу вистински настани кои преку своето творештво ги оттргнал од заборав. Благоја Кочовски имал вонредно добро искуство на запишувач.[1] ДелаБлагоја Кочовски ги објавил книгите:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia