Блаженства![]() Блаженства — збир заповеди (или препораки) на Исус Христос изречени во Беседата на гората и Беседата на рамницата претставени во евангелијата по Матеј и по Лука. Заповедите се проследени од предупредувања („Тешко вам...“) за оние чие поведение е спротивно на нив. Според христијанското учење, блаженството е среќа, задоволство или благосостојба што настапува како последица од извршувањето на моралниот закон и духовното усовршување[1]. Постојат различни мислења за тоа колку блаженства се содржани во евангелијата. Православните сметаат дека ги има девет, додека пак западните христијани ги нарекуваат „осум блаженства“, спојувајќи ги последните две кај Матеј во едно блаженство.[2][3] Во тоа евангелие, Исус споменува група луѓе кои вообичаено се сметаат за неблагословени и ги прогласува за блажени.[4] Матеј 5,3–12Деветте блаженства во Евангелието по Матеј се следниве:[5]
Блаженствата што се јавуваат само кај Матеј се оние за кротките, милостивите, чистите по срце и миротворните, а останатите се јавуваат и кај Лука, со тоа што во вториот случај тие се проследени со предупредувања за други групи.[6] Кај Матеј се спомнуваат „бедните по дух“, што се смета за продуховување на нивната несреќа (во склад со наговестеното во Исаија 61)[7] додека пак верзијата на Лука се задржува на нивните конкретни маки, сиромаштијата, осудувањето и презреноста кои тие еден ден победнички ќе ги надминат. Лука 6,20-22Четирите блаженства во Евангелието по Лука се изречени во Беседата на рамницата, и гласат вака:[8]
Потоа следи стихот во Лука 6,23: „Зарадувајте се во оној ден и заиграјте, зашто голема е наградата ваша на небото. Зашто и нивните татковци така постапуваа со пророците!“, кој се чини напореден на стиховите во Матеј 5,11–12. „Тешко вам“По ова следат четирите предупредувања во Лука 6,24–26[9]
Овие предупредувања се различни од оние изречени во Критика на фарисеите, која се јавува подоцна во Лука 11,37-54. Анализа и толкување![]() Секое блаженство се состои од два исказа: состојба и последица. Во речиси сите случаи, овие искази се познати од старозаветен контекст, но во Беседата на гората Исус ги воздигнува на повисок степен. Тие претставуваат идеали за љубовта и скромноста наспроти силата и наметливоста, кои се неговите највисоки идеали — духовноста и сочувството.[6] КроткостПоимот „кротките“ е познат од Стариот завет, како на пр. во Псалм 36,11. Иако блаженството за кротките е предмет на пофалба дури и од нехристијани како Махатма Ганди, некои имаат поинаков став за оваа заповед. Во Генеалогија на моралот, Фридрих Ниче ја смета оваа заповед за пример „ропскиот морал“ што го проповеда христијанството.[10] МилостивостБлаженството за милостивост е одразено во христијанското учење за важноста на милостињата, која има плотна (телесна) и духовна вредност.[11] МиротворностПоимот „миротворците“ се толкува не само како оние кои живеат во мир со другите, туку и тие што се залагаат за пријателство помеѓу луѓето, народите и човекот со Бога. Светиот отец Григориј Ниски (IV в.) го разбира овој стих како благочестиви дела, кои го следат примерот на Бога во неговата љубов кон човештвото.[3][11] Англискиот методистички богослов Џон Весли (XVIII в.) вели дека миротворците ги помируваат луѓето во меѓусебната зајаденост, ги омекнуваат нивните души и, по можност, се трудат да ги помират луѓето; дека со сите свои способности настојуваат да го зачуваат мирот и да го возобноват онаму каде што е нарушен.[12] Беда по духВо светоотечките толкувања под „бедни по дух“ се подразбираат оние кои се трудат да ја постигнат најважната христијанска доблест — смирението; оние кои не му е противат на Божјиот дух со својата гордост, туку се отворени да го спознаат Бога преку верата. Св. Јован Златоуст (IV-V в.) во беседата од XV толкување на Евангелието по Матеј вели: „Што значи бедни по дух? Смирените и покајаните во срцето“[13]. Со ова толкување се согласува и св. Филарет Московски и додава дека „телесната беда може да послужи кон совершенството на духовната беда, ако христијанинот ја избира доброволно, за Бога“[14]. Блажениот Јероним Стридонски (IV-V в.) во Толкувања на Евангелието по Матеј го сопоставува овој цитат со Псалм 33,19 и укажува на тоа што Господ не проповеда материјална беда, туку духовна, зборувајќи за луѓето кои се бедни по волја на Светиот Дух. Исто така, Јероним вели дека Спасителот говорел преку Исаија за духовната беда: „Духот на Господ Бог е врз Мене, зашто Господ Ме помаза за да им благовествувам на бедните“ (Исаија 61,1)[15]. Св. Игнатиј Брјанчанинов (XIX в.) во својот труд Аскетски обиди вели дека бедата по дух е смиреното сфаќање на себеси, предизвикано од видението за падот на човештвото. Светецот посочува и дека „бедата по дух го раѓа следното блаженство: ,плачот’. ,Плачот’ е благочестивата тага на верните души, која се гледа во огледалото на Евангелието, гледајќи ги во него своите безбројни грешни дамки“[16]. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia