Блерим Џемаили![]() Блерим Џемаили (албански: Blerim Xhemaili, роден во Тетово, 12 април 1986) — швајцарски фудбалер со македонско потекло, играч од средниот ред на Монтреал Импакт на заем од Болоња. ЖивотописЏемаили е роден на 12 април 1986 година во Тетово, Македонија. Како многу мал ја напуштил Македонија и родното Боговиње, и се иселил во Швајцарија заедно со своето семејство. Фудбалската кариера ја започнал во младинските екипи на нисколигашите во Швајцарија. Неговиот талент веднаш е забележан, па така на 16 години потпишува за ФК Цирих, каде настапува од 2002 до 2007 година. Во последните две години, освои два трофеи со својот клуб. Во февруари 2007 година, потпишал прелиминарен договор со Болтон[1], каде што играл до 2009 година. Потоа преминува во ФК Торино[2][3], за веднаш потоа да премине во Парма[4]. За швајцарската репрезентација има настапено 13 пати (состојба 2009). Статистика
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia