Болоњска декларација![]() Болоњската декларација е заедничка декларација на европските министри за образование, потпишана во Болоња на 19 јуни 1999 година, а се однесува на реформата на системот за високо образование во Европа и претставува темел на Болоњскиот процес. Според оваа декларација реформите и имплементацијата на Болоњскиот процес завршуваат во 2010 година. Цели на Болоњската декларација и Болоњскиот процес
Коминикеа за Болоњската декларација и Болоњскиот процесПри потпишувањето на Болоњската декларација во 1999 година, договорено е на секои две години да се одржуваат министерски конференции на кои ќе се поднесуваат извештаи за примената на Болоњскиот процес, ќе се разменуваат искуства и ќе се изврши потпишување на коминике, што го потпишуваат сите земји кои го прифатиле Болоњскиот процес, а овде влегуваат и земјите од Европа кои не го направиле тоа во 1999 година, а одлучиле да го прифатат Болоњскиот процес. Потпишани се следните коминикеа кои го носат називот на градот во кој се одржале министерските конференции:
2010 година била предвидена за завршување на имплементацијата на Болоњскиот процес. Земји потписничкиСледните земји ја потпишале Болоњската декларација: Земји кои го прифатиле Болоњскиот процес и ја ратификувале Болоњската декларацијаПрашко коминике од 2001 годинаБерлинско коминике од 2003 годинаБергенско коминике од 2005 годинаЛондонско коминике од 2007 година2010 годинаЗемји кои не го потпишале и не го прифатиле Болоњскиот процесЕдинствени членки на Советот на Европа кои не ја потпишале декларацијата и не го прифатиле Болоњскиот процес се Монако и Сан Марино, а можно е да му се придружат на Болоњскиот процес што се спроведува во Франција и Италија. Друга земја која е во можност да ја потпише декларацијата и да го прифати процесот, а тоа не го сторила до сега, е Белорусија. Држави и региони чии барања се одбиени
Македонија и Болоњскиот процесРепублика Македонија[1] станува член на Болоњскиот процес во 2003 година, иако промените во високото образование започнале уште во 2000 година, кога Министерството за образование и наука го донело новиот Закон за високото образование. Законот барал универзитетите да го започнат воведувањето на ЕКТС и да го уредат студирањето и наставните програми во согласност со принципите на Болоњскиот процес. Дотогашниот академски степен за кој се доделувала диплома е трансформиран во т.н. бакалауреат (дипломиран студент) и програмите биле скратени од 4 на околу 3 години. Степенот за кој се доделувал т.н. магистериум се трансформира во магистратура, што се постигнува по 5 години студирање. Студиите по медицина и оние студии што се поврзани со медицина продолжуваат да траат 6, односно 5 години. Степенот на докторат (PhD dr.sc.) останува, но тој може да се добие по 3 години, односно 8 години вкупно студирање: 3 години (дипломиран студент или бакалауреат) + 2 години (магистер) + 3 години (доктор на науки). Надворешни врски![]() Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia