Бофор (сирење)
Бофор — тврдо, сирово кравјо сирење поврзано со семејството гријер.[1] Алпско сирење, се произведува во Бофортен, долината Тарантез и Мориен, кои се наоѓаат во департманот Савоја на Француските Алпи.[2] СортиПостојат три сорти бофор:
Статус на AOCБофор за првпат бил сертифициран со ознака за контролирано потекло во 1968 година.[3][4] Подготовка и производствоБофорот се произведува во долините Бофортен, Тарантез и Мориен, како и во делови од долината Вал д'Арли, кои се наоѓаат во подрачје од 450.000 хектари од департманот Савоја.[2] Сирењето се подготвува со 11 литри млеко за секој 1 килограм сирење. Млекото што се користи во една сорта доаѓа од кравите тарин или абонданс кои пасат на Алпите. За да се направи бофор, млекото прво се загрева, а потоа се тура во обрач или калап од буково дрво што му дава на сирењето посебен вдлабнат облик. Се притиска 24 часа, се вади од обрачите и се лади уште 24 часа. Откако ќе се излади, се натопува во саламура, а потоа се чува на смрекови полици еден до два месеци. За време на овој дел од процесот, едната страна од сирењето се посолува рачно секое утро, потоа се превртува и се трие секое попладне. Штом кората на сирењето ќе достигне ниво на зрелост, сирењето се премачкува со смеса наречена морж која го произведува својот силен вкус и бледожолта кора.[5] Подготвеното сирење потоа мора да зрее 6-12 месеци, па дури и подолго, во ладна планинска визба.
Вкус и текстураСирењето бофор е бледожолто, со мазна и кремаста текстура и нема дупки како другите сирења од стилот на гријер, конте, или ементалер . Бофор, исто така, има многу изразена арома, понекогаш опишана како силна или благо остра и потсетува на пасиштата на кои пасат кравите тарентез и абонданс за да го обезбедат млекото што се користи за сирењето. Бофорот најчесто се користи за правење фонди бидејќи лесно се топи. Едно од многуте сирења што одлично се комбинираат со бело вино, бофор често се ужива со риба, особено лосос. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia