БраздењеБраздењето (односно бластулацијата) е третата фаза од ембриогенезата која следува по оплодувањето. Во оваа фаза, оплодената јајце-клетка, т.е. зиготот почнува митотично да се дели, при што се создава топчеста маса од клетки во вид на плод од црница чија површина е набраздена. Оваа структура се нарекува морула, чиешто име доаѓа од истоимениот грчки збор што значи црница. Во текот на браздењето, ембрионот ги користи хранливите материи складирани во јајце-клетката. Митозата која се одвива при браздењето е доста брза. Во неа отсуствуваат G1 и G2 периодите од интерфазата, бидејќи јајце-клетката содржи огромни количини ДНК-полимераза неопходна за катализирање на сукцесивни хромозомски репликации, како и повеќе mRNA неопходна за синтеза на белковини во текот на раното браздење. Трансформацијата на зиготот во повеќеклеточен комплекс во текот на набраздувањето се одликува со:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia