Брана Випра
Браната Випра или Брана Випер (германски: Talsperre-Wippra или Wippertalsperre) е брана на реката Випер во планините Харц. Се наоѓа близу Випра, недалеку од Мансфелд и Хетштет во Саксонија-Анхалт. Била изградена помеѓу февруари 1951 и ноември 1952. Била изградена со цел да обезбеди индустриска вода за преработувачките капацитет за бакар во Мансфелд и Хетштет. Нејзината улога во заштитување од поплави е ограничена, бидејќи таа првично била изградена како помошна брана. Плановите за понатамошна поголема брана, никогаш не се реализирале. Браната Випер исто така произведува и електрична енергија, користејќи ја хидроенергијата. Капацитет на хидроцентралата е 22 kW. Нејзин оператор е Talsperrenbetrieb Saxony-Anhalt. Браната е гравитациска, направена од бетон. Достапни се организирани посети во самата брана. На браната е точката 219 од планинско-пешачката патека Harzer Wandernadel. Вештачко езеро ВипраПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia