Брезничка Река
Брезничка Река (бугарски: Брезнишка река) или Туфча — река во Неврокопско, Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 27 км.[1] Реката извира од Горното Брезничко Езеро (на 2.587 м.н.в.) во Брезничкиот Цирк на Пирин. Најпрвин тече на југоисток, прави голем лак испакнат кон југ, свртува на североисток и стасува до с. Брезница. Во овој дел долината ѝ е длабока и добро пошумена. По селото свртува на југоисток и навлегува во долина со обесшумени и соголени страни. Се влева во десниот брег на Места, на 524 м.н.в., 1 км западно од селото Балдево. Сливот зафаќа површина од 123 км2, што претставува 3,57 % од вкупниот слив на Места. Главни притоки: → лева, ← десна
Средниот годишен истек кај с. Брезница изнесува 1,42 м3/с. Најполноводна е во мај, а најслабоводна во септември. Селото Брезница во Општина Неврокоп (Г. Делчев) е единственото населено место по течението на реката. Мал дел од водите на реката во нејзиното долно течение се користат за наводнување. КартиПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia